Едукација за пациенти, Мускули и коски

Мускулна болка – причини и третман

Речиси секој почувствувал болки во мускулите некогаш.. Мускулната болка може да зафати поединечен мускул или група мускули како што се го вратот, грбот, нозете, рацете или целото тело. Болката може да варира од блага до силна и да го ограничи движењето. Мускулната болка може да започне ненадејно или да се влоши со текот на времето. Исто така, истата може да се влоши после физичка активност или во одредени периоди од денот. Мускулната болка може да се манифестира како болка, грчеви, вкочанетост или печење.

Повеќето мускулни болки и грчеви исчезнуваат сами по себе за кратко време. Понекогаш болката во мускулите може да трае со месеци.
Причините за болка во мускулите може да варираат и таа може да се јави како резултат на повреда, симптом на болест или инфекција или несакан ефект на некој лек.

Најчести причини за болки во мускулите вклучуваат:

  • прекумерен напор
  • траума на некоја област од телото
  • вирусни инфекции

Стрес

Стресот му отежнува на телото да се бори против болести. Кај луѓе кои не се чувствуваат добро и се под постојан стрес, може да почувствуваат болки во мускулите (психо-соматска болка).

Симптомите на стрес вклучуваат:

  • срцеви палпитации или зголемен пулс
  • висок крвен притисок
  • главоболки
  • тресење
  • болки во градите
  • чувство на недостаток на воздух или хипервентилација

Луѓето можат да се обидат да се справат со оваа состојба преку техники за релаксација и и избегнување на стресни ситуации колку што е можно.

Нутритивен дефицит

Мускулната болка може да се јави како недостаток на доволен внес на витамини, минерали и протеини преку исхраната.

Витаминот Д( овде линк до Витамин Д) игра особено важна улога во обезбедувањето на правилно функционирање на мускулите. Витаминот Д помага во апсорпцијата на калциумот, а недостатокот може да доведе до хипокалцемија.

Хипокалцемијата е состојба во која нивото на калциум во крвта е ниско, што може да влијае на коските и мускулите.

Магнезиум (link do magnesium) Магнезиумот е неопходен за активноста и рамнотежата на нервниот систем: има релаксирачки и смирувачки ефект и ја намалува раздразливоста на нервите и мускулите. Го намалува лачењето на адреналин и е ефикасен во ублажување на грчеви, ја намалува напнатоста и делува релаксирачки. Магнезиумот исто така учествува во метаболизмот на главните макронутриенти и овозможува производство на енергија.

Дехидрација

Лицето кое е дехидрирано може да почувствува болки во мускулите.

Пиењето доволно вода е од витално значење за одржување и правилно функционирање на телото. Дехидрацијата предизвикува основните телесни функции, како што се дишењето и варењето, да се отежнат.

Луѓето треба да бидат свесни колку вода пијат. Препорачаната количина е 6-8 чаши вода секој ден. Ако топлото време или вежбањето предизвикаат потење повеќе од вообичаено, ќе треба да се пие поголема количина вода.

Истегнување и исчашување

Истегнувања, исчашувања и други повреди може да предизвикаат мускулна болка и непријатност.

Некои исчашувања и истегнувања не бараат третман, но лицето треба да се одмори, да зема лекови против болки без рецепт или да користи ладни облоги за да ги олесни симптомите.

Меѓутоа, ако повредата предизвикува значителна болка, го ограничува нормалното движење или не се подобрува со текот на времето, препорачливо е да закажете преглед со лекар.

Несоница

Недостатокот на сон може да има сериозно влијание врз телото.

Спиењето му овозможува на телото да се одмори и да се опорави. Недостатокот на квалитетен сон може да предизвика болки во мускулите и забавено функционирање. Тоа може да влијае на способноста на луѓето да размислуваат јасно и да им го отежне извршувањето на секојдневните задачи.

Премногу физичка активност

Претерувањето со вежбање може да доведе до вкочанети, болни мускули.

Следниве фактори можат да бидат причина за болки при вежбање:

  • неправилно вежбање
  • воведување нова вежба
  • вежбање поинтензивно или подолго од вообичаеното
  • недоволно или неправилно загревање или истегнување пред почетокот со физичка активност

Инфекции, болести и наследни состојби

Многу различни медицински проблеми може да предизвикаат болки во мускулите. Состојбите кои најчесто ги зафаќаат мускулите вклучуваат:

  • анемија
  • артритис
  • синдром на хроничен замор
  • клаудикација
  • дерматомиозитис
  • грип
  • фибромијалгија
  • лупус
  • Лајмска болест
  • мултиплекс склероза (МС)
  • пневмонија
  • мононуклеоза

Ако причината за болката е напрегање, повреда, напнатост или стрес, луѓето обично ќе чувствуваат непријатност во одредена област.
Кога болките се појавуваат низ целото тело, тоа е поверојатно да се должи на инфекција, лекови или основна болест.

Како може да си помогнете во домашни услови?

Многу луѓе можат да ги третираат своите симптоми користејќи го методот R.I.C.E, кој вклучува:

REST – Одмор: Одморете ја погодената област и прекинете ја активноста што ја предизвикала повредата.
ICE – Мраз: Користете ладни облоги за да помогнете во ублажување на болката и намалување на отокот. Нанесете мраз на областа 15-20 минути три пати на ден.
COMPRESION – Компресија: Користете компресивен завој за да помогнете во намалување на отокот.
ELEVATION –подигнување : Ако е можно, подигнете ги стапалата за да го минимизирате воспалението.

Може да користите лекови без рецепт за намалување на воспалението и болката како што се серапептазе, магнезиум, нестероидни антиинфламатори.

Практикувајте активности кои поттикнуваат релаксација и го намалуваат стресот, како што се јога и медитација

Кога да одите на лекар

Лекарот треба да ги процени силните и постојани болки во мускулите.

Мускулните болки кои се силни или не се повлекуваат може да бидат симптом на основна состојба која бара медицинска проценка и третман.

Јавете се на лекар доколку:

  • забележите какви било знаци на инфекција, како што се црвенило и оток
  • има каснување од крлеж
  • развие осип
  • верувајте дека лековите кои ги пиете предизвикуваат мускулна болка
  • болката е силна, или трае подолго

Од клучно значење е да се побара итна медицинска помош ако се појави болка во мускулите заедно со:

  • отежнато дишење
  • тешкотии при голтање
  • чувство на вртоглавица
  • вкочанет врат и висока температура
  • мускулна слабост
  • неможност за движење на погодената област
  • повраќање
  • намалување на волуменот на урината или ненадејно задржување на вода

Повеќето причини за болки во мускулите се бенигни, но постојаната болка може да бара медицинска нега.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *