Политика за испорака и плаќање е-продавница

ОЕ Комерција ПОЛИТИКА ЗА ДОСТАВА НА ПРОИЗВОДИ Издание: 1 од 12.02.2024
Ревизија: /

Оваа политика се однесува на достава на производи нарачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку служба за достава одбрана од ЈАКА НОВА на адресата која е наведена во нарачката под следните услови:

  • Трошоците за достава се вклучуваат при нарачката во крајната
  • Купувањето преку нашата интернет страница може да се реализира од било коja локација, но испораката се спроведува само на територијата на Република Северна Македонија. 
  • Испорака се врши секој ден, освен на државни празници и неработни денови.
  • Испораката на производите се врши на адресата наведена за испорака од страна на купувачот.

Доплата за испораката
  1. За нарачка  до 1000 денари доплатата изнесува 120 денари.
  2. За нарачка над 1000 денари доплатата е бесплатна

Испораката на нарачките се врши рок од 2-5 работни денови, до врата. Доколку при испорака на нарачката купувачот инсистира нарачката да му биде предадена пред објектот, само во тој случај доставувачот нема да ја достави нарачката до врата.

Секој купувач е должен при прием на пратката да ја прегледа истата, да провери за евентуални оштетувања при транспорт, дали испорачаното одговара на нарачката и во присуство на нашиот доставувач да утврди дека производите се во добра состојба. Купувачот треба да ја пријави рекламацијата веднаш на доставувачот.

Производите се заменуваат само под условите пропишани во Законот за заштита на купувачите. ЈАКА НОВА  не одговара и не заменува производи по приемот на пратката, доколку производот не е во оригиналното пакување или е употребуван.

Купувачот има право на рекламација во следниве случаи:

  • испорака на производи кои не се нарачани
  • испорака на производи на кои им е истечен рокот на употреба
  • испорака на производи кои имаат грешки или оштетувања кои настанале при транспортот
Враќање/ Рекламација на производи

Во случај на враќање на производите, купувачот е должен да укаже на оправдана рекламација истиот ден на тел. 02 272 6089 и писмено преку e-mail на shop@jakanova.com.mk

Производот кој е неупотребуван, неотпакуван, може да се врати во рок од 3 дена од денот на рекламација, заедно со приложената фискална сметка и истиот да се замени со друг соодветен производ.

ЈАКА НОВА има резервирано право да ја менува политиката за враќање на производи. Сите ревизии или промени ќе стапат во сила веднаш со нивното објавување на веб страницата на ЈАКА НОВА.

Нашата политика за враќање на производи е достапна на нашата веб странa.

Обработка на нарачки за испорака

Нарачките направени на веб-страницата до 12 ч. ќе бидат обработени за испорака истиот ден.. Направените нарачки после 12ч. ќе бидат обработени за испорака следниот работен ден.

Испораката до наведената адреса е во рок од 2-5 работни дена.

Опции за плаќање

Опциите за плаќање на нашата веб-страница се:

  • Плаќање со картичка
  • Плаќање при достава
Плаќање со картичка

Ние прифаќаме картички со симболот MasterCard, Visa, Diners. Безбедноста на вашите плаќања преку Интернет е наш врвен приоритет.

ЈАКА НОВА гарантира дека вашите податоци се целосно безбедни кај нас. Сите информации се испраќаат шифрирани за да се обезбеди целосна безбедност на сите чувствителни информации.

Прочитајте повеќе во нашата Политика за приватност.

Изберете плаќање со картичка како начин на плаќање. Потоа ќе бидете пренасочени кон cPay за да продолжите со плаќањето.

Откако ќе внесете картичка и успешно ќе платите, ќе се вратите на нашата веб-страница и вашата нарачка и уплата се направени.

Ако вашата трансакција со картичка е одобрена, износот ќе биде резервиран веднаш и потврдата за нарачката ќе биде испратена на вашата е-адреса. Вашата картичка нема да се наплаќа сè додека не започнеме со обработка на вашата нарачка.

Ако вашата трансакција со картичка не е одобрена, вашата нарачка ќе биде откажана. Ве молиме контактирајте ја вашата банка или давател на картички ако имате какви било прашања во врска со ова.

Дали имате прашања?

Потребна ви е поголема помош? Прашај! Нашата е-пошта за комуникација со клиенти е shop@jakanova.com.mk .

За Ваше добро здравје!