Кои сме ние?

Јака Нова

За Ваше добро здравје!

Нашата компанија

Јака Нова е Македонска компанија за производство на лекови, додатоци на исхрана и козметика.

Со врвен тим од стручни и образовани кадри, во производствените капацитети распоредени на над 2.500m2, ги имплеметираме сите модерни технологии и стандарди во производство на она што ќе го подобри Вашето здравје. Во секој сегмент од нашето работење, квалитетот е наш главен приоритет.

Во своето работење досега оваа компанија 60% од производството го пласирала на Македонскиот пазар а останатите 40% биле наменети за извоз во: Србија, Хрватска, Словенија, БИХ, Белорусија, Албанија, Косово, Украина, Азербејџан, Латвија, Ерменија и други европски држави.

Наша мисија
Ваш сигурен партнер за добро здравје

Здравјето е нашето најголемо богатство, кога имаш здравје, имаш се!
Токму тоа е нашата идеја, околу која продолжуваме да ја пишуваме оваа наша здрава приказна, на едно место и од еден извор да понудиме се што е потребно за добро здравје и квалитетен живот.

Квалитетниот начин на живот е императив на секој еден човек и семејство, а силно општество е општество со здрава популација. Затоа нашата мисија е да понудиме палета на производи погодни за сите возрасти, категории и потреби.

Визија

Вредност и препознатливост на македонскиот пазар, но и во Европа и светот. Компанија која што своите брендови ги пласира на пазарите околу нас, но и на оние европските, со стандарди за квалитет кои што се синоним за нашето работење.

Ова го постигнуваме постојано инвестирајќи во нови технологии и развој, високо квалитетен кадар, и долгоророчни партнерства засновани на меѓусебно почитување и доверба , зацврстувајќи ја нашата позиција, како компанија која нуди високо квалитетни производи.

КВАЛИТЕТ

Со интегрираниот систем за управување, ЈАКА НОВА ги комбинира сите аспекти на системите, процесите и стандардите на организацијата во еден интегриран систем

✔ ISO 9001:2015 Quality Management System

✔ Имплементиран HACCP

Кариера во Јака Нова

Пополнете ја кратката форма?​

Посетете ја нашата онлајн продавница

Сите наши производи сега достапни и за онлајн нарачка.