Еве сè што треба да знаете за грижата за вашата нова тетоважа.
Постојат многу начини на кои можете да го искористите вашиот изглед и убавина за да се изразите. Можете да го дополните вашиот прекрасен изглед со шминка, можете да ја промените вашата коса или, да направите тетоважа. Како шминката, тетоважите се форма на самоизразување, уметност и персонализација, и тие можат да се користат за да се одразите себеси. Но тетоважата не е само уметност, тоа е медицинска процедура, кој вклучува убод со игла на вашата кожа и затоа бара посебна нега.
Се разбира, со тетоважите доаѓа цел сет на правила за нега на кожата – и ако не се придржувате ризикувате да го уништите свежото мастило. Затоа е задолжително да го направите вашето истражување за последователната нега пред да одите под иглата.
Осум совети за нега на кожа за тетовирана кожа:
1. Чувајте ја вашата кожа чиста
Исто како што го чистите лицето два пати на ден како дел од вашата редовна рутина за нега на кожата, исто така сакате да се погрижите секојдневно да ја чистите областа на вашата тетоважа за да го избегнете ризикот од инфекција. Се препорачува користење на благ неутрален сапун и вода за нежно чистење на тетоважите.Не дозволувајте директен млаз на вода на тетовираната кожа (со други зборови, не стојте директно под тушот) и тапкајте го местото, наместо да го тријте кога се сушите.
2. Обезбедете влажност на кожта
Изберете крем или маст што нема да ја иритира вашата тетоважа, без вештачи мириси и бои , а ке обезбеди нега, како сто се креми на база на пантенол, масти со рибино масло, кое е богат извор на витамин А и Д итн…. Кога вашата тетовирана кожа се чувствува сува, нанесете лосион или крем на база на вода. Земете Витамин Е кој помага во хидратација и обнова на кожата.
3. Користете заштита од сонце
Заштитата од сонце е неопходна за заштита на вашата кожа и тетоважа. Кога излегувате надвор, нанесете крема за сончање со широк спектар, отпорна на вода со SPF од 30 или повеќе на тетовираната површина 15 минути пред изложување на сонце. Погрижете се повторно да го нанесувате барем на секои два часа за максимална, целодневна заштита.
4. Оставете доволно време за заздравување
Да и се даде на вашата тетоважа доволно време да заздрави е важен дел од грижата за тетоважата. Потребно е да знаете дека се потребни до до две недели за заздравување и избегнувате лупење на красти во тој период бидејќи тоа може да го зголеми ризикот од инфекција, да го оштети дизајнот и да доведе до лузни.
5. Внимавајте на вашата облека
Внимателно одберете ја вашата облека со цел да избегнете лепење на тетоважата. Избегнувајте тесна облека, одбетете природни материјали и овозможете и на кожата да дише.
6. Кажете не на солариумите
Соларими и ламби за сончање можат да го избледеат мастилото од тетоважите и да го зголемат ризикот од одредени видови на рак на кожата. Кај некои луѓе, УВ светлината може да реагира со мастилото од тетоважата предизвикувајќи болна реакција на кожата. Тоа значи дека доколку сакате да добиете изглед на сончана кожа, подобро е да користите хидратантен самопотемнувач.
7. Избегнувајте водени површини
Додека вашата тетоважа заздравува, треба да избегнувате и пливање. Ова значи дека засега треба да се оддалечите од базени, топли кади, реки, езера и море.
8. Посетете дерматолог доколку имате реакција на местото на тетоважа
Доклку приметите инфекција, алергија или рани на тетоважата, треба да посетите дерматолог. Вашата кожа може да појави несакана реакција веднаш по тетоважата или години подоцна. Дерматологот ќе може да ве информира за што станува збор и ќе ве советува што треба да преземете.