Едукација за пациенти, Централен нервен систем

Што е мозочен удар, како да се превенира и како да се живее со последиците?

  • Мозочниот удар претставува прекин или намалување на протокот на крв во мозокот, поради крварење или запушување на соодветен крвен сад.
  • Годишно бројот на мозочни удари во светот е 100 до 300 болни на 100.000 жители.
  • Во Република Северна Македонија од мозочен удар страдаат 240 пациенти на 100.000 жители или 3,9 пациенти дневно. Годишната смртност изнесува 64 случаеви на 100.000 жители.
  • Најчесто се јавува кај особи постари од 65 години, и најголем дел од мозочните удари настануваат заради запушување на соодветна артерија 88%, а додека 12% се како последица на крварење во мозокот.

ПРИЧИНИ ЗА НАСТАНУВАЊЕ НА МОЗОЧЕН УДАР

Една од причините за настанување на мозочен удар е АТЕРОСКЛЕРОЗА, односно крутост и стеснување на крвните садови

Кај 82% од пациентите со симптоми и кај 5 % кај пациентите  без симптоми, се најдени стеснувања на крвните садови, а каротидна стеноза е присутна кај 75% од мажите и 62% кај жени на возраст од 65 години, каротидна оклузивна болеста е одговорна за 15-20% од сите исхемични удари.

Друг фактор на ризик е  ЗГОЛЕМЕН КРВЕН ПРИТИСОК, кој е препознаен како клучен за исхемични болести и нарушувања на мозочната циркулација, тоа е главниот и најмоќниот фактор на ризик за сите видови на  мозочен удар, без оглед на географскиот регион и етничката група

Епидемиолошките студии покажаа дека ДИЈАБЕТОТ е независен фактор на ризик за мозочен удар  и исхемичен и хеморагичен. Микроваскуларизацијата на мозокот е исто така сериозно засегната кај пациенти со дијабет.

ПОСЛЕДИЦИ ОД МОЗОЧЕН УДАР

  • Физичка попреченост,  инвалидитет
  • Когнитивни пречки, поточно пречки во говор, комуникација, помнење, фокусираност
  • Емоционални нарушувања и промени на личноста, при што депресија после мозочен удар е најчестото емоционално нарушување

АМИНАЛОН  и неговиот превентивен и тераписки потенцијал

Аминалон  односно гама-аминобутерна киселина (ГАБА) е главен инхибиторен преносител на импулси  во мозокот на возрасен цицач. ГАБА исто така се смета за мултифункционална молекула која има различни функции во централниот нервен систем, периферниот нервен систем и во некои неневронски ткива.

Познато е дека оштетувањето на нервното ткиво предизвикува инфламаторен (воспалителен) одговор, предизвикувајќи ослободување на различни инфламаторни медијатори, кои што може да предизвикаат оштетување на клетките во мозокот, а бројни испитувања ја покажаа важната улога на ГАБА во невропротекцијата (заштита од оштетување на нервните клетки) и против појавата на дегенерација предизвикана од токсини или повреда.

Атеросклероза и улогата на Аминалон (ГАБА)

Аминлонот има инхибирачко дејство  главните патолошки процеси на атеросклероза, хронична инфламаторна болест која вклучува и вродени и стекнати имунолошки реакции во ѕидот на артеријата. Покрај тоа, ГАБА има невропротективни (заштитни) ефекти при исхемична повреда на мозокот, што е една од сериозните компликации на атеросклероза. Затоа,  ГАБА е потенцијална терапија за превенција и додадок на терапија  кај атеросклероза.

Покачен крвен притисок и улогата на Аминалон (ГАБА)

Аминалонот (ГАБА) делува на тонусот и дразбата на клетките на крвните садови, што доведува до релаксаторен ефект на истите, односно индиректно намалување на крвниот притисок.

Дијабет и улогата на Аминалон (ГАБА)

Гама амино бутерната киселина (ГАБА) има значајна улога во контролата на гликозата во крвта, енергетската хомеостаза, како и внесот на храна на неколку нивоа на регулација. Корисниот ефект на ГАБА  е споредлив со оној на инсулинот. ГАБА може да ја намали инсулинската резистенција  и исто така доведува до намалено создавање на глукоза во крвта, од храна која во основа не е јаглехидрат.

  • ГАБА го намалува нивото на гликемијата, ја намалува инсулинската резистенција, го стимулира осолободувањето на инсулин и го превенира оштетувањето на панкреасот.

Улогата на Аминалон (ГАБА) во третман на невро-психички последици на мозочен удар

  • За да има правилно функционирање на мозокот, мора да се одржува сложена рамнотежа помеѓу инхибиторните ефекти на ГАБА и возбудливите ефекти на глутаматот. По мозочен удар утврдено е опаѓање на концентрацијата на мелатонин и ГАБА, истото резултира со тежината на мозочниот удар и е причина за несоница, нервоза.
  • ГАБА иницијално го превенира мозочното ткиво да стане премногу ексцитирано (возбудено) и го превенира неговото изумирање.
  • ГАБА има улога и во враќање на пластичноста на крвните садови, што игра важна улога во закрепнувањето од мозочен удар
  • Аминалон преку активирање на интегративните механизми на мозокот доведува до подобрување на меморијата, учењето, како и оперативна активност, го забрзува закрепнувањето на оштетените функции на нервниот систем по повреди.
  • Ја зголемува стабилноста на мозокот при влијанијаа на физички и хемиски фактори, особено при хипоксија и аноксија на мозокот
  • Допринесува за подобрување на микроциркулацијата во мозокот

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *