Што треба да знаете за нега на бебешка кожа?
Родителите чувствуваат потреба да пружат што поголема грижа користејќи различни препарати. Со оглед на ранливоста и незрелоста на кожата, новороденчињата се потенцијално изложени на ризик поради употребата на голема количина на разни производи за хигиена и нега. Можна е поврзаност со зголемување на зачестеноста на егзема, астма и други алергиски заболувања. Имено, детската козметика често содржи бројни хемиски соединенија кои можат да бидат потенцијално штетни. Треба да се запомни дека кожата на децата е многу тенка и двојно попропустлива за вода и хемиски соединенија кои се нанесуваат на кожата. Покрај тоа, релативната површина на кожата (односот на апсолутната површина на кожата во однос на масата на телото) е 5-7 пати поголема кај доенчиња отколку кај возрасните, затоа потенцијално штетните соединенија имаат значително поизразено влијание врз телото. Затоа се препорачува во хигиената на телото на новороденчето да се користи само вода, а доколку се користи козметика да биде без потенцијално штетни соединенија како конзерванси, бои и мириси.
Капење во када
Капењето во када може да започне кога ќе зарасне папочната рана. Се прпорачува употреба на поголеми кади со рамно дно бидејќи овозможува поголема слобода и задоволство од „пливање“. Сè што е потребно за грижа за детето треба да биде на дофат. Не треба да се оддалечувате од детето, секогаш бидете во контакт со него со едната рака. Собна температура околу 24°C и температура на водата 37° C. На повеќето доенчиња не им е потребно миење на косата со шампон во текот на првата година. Доколку е потребно поради многу коса, треба да користите благи шампони кои не смеат да содржат синтетички мириси, бои или многу алергени и иритирачки конзерванси. Во принцип, шампоните за капење не се неопходни во текот на првата година од животот, тие потешко се отстрануваат (исплакуваат) од кожата и потребно е туширање. Сапунот за нега на доенчиња (но и за кожа на возрасни) мора да биде неутрален или малку кисел (pH околу 5,5), што е наведено на пакувањето на производот. Синдети (синтетички детергенти) се модерна алтернатива на сапуните. Се мијат како и сапуните, но имаат предност што се отпорни на тврда вода, имаат пониски pH вредности и подобро се поднесуваат од кожата, особено оние со хронична егзема. Купките не се препорачуваат на рана возраст. Имено, повеќето од овие купки содржат детергенти кои ја уништуваат корисната бактериска флора на кожата и го отстрануваат заштитниот кисел слој од кожата. Тие се сметаат за честа причина за вагинитис и воспаление на уринарниот тракт кај доенчињата. Во зима, кожата е повеќе склона кон сушење, па затоа се препорачува поретко капење на доенчињата во периоди на поголем студ.
Осип од пелени
Тоа е честа форма на воспаление на кожата (дерматитис). Повеќето доенчиња го добиваат најчесто на возраст од 8-10 месеци. Почесто се јавува кај новороденчиња со габична инфекција на усната шуплина која се карактеризира со бели наслаги на јазикот и мукозната мембрана на усната шуплина, доенчиња кои земаат антибиотици или по воведување на дополнителна храна. Може да се појави и при воведување нови средства за перење алишта, тесни пелени поради механичко триење, поретко менување пелени и употреба на пластични гаќички. Понекогаш пеленскиот осип се јавува како резултат на дијареа. Изметот е течен и се истура по целата површина на кожата покриена со пелената. Бидејќи цревата се иритираат од воспаление (најчесто вирусна инфекција), киселата содржина од желудникот многу брзо поминува низ дигестивниот тракт, а столицата останува кисела. Затоа, корисно е валканото место да се измие со млаз млака вода што е можно побрзо, да се исуши со сува крпа и да се остави некое време без пелена за кожата да дише. Потоа може да се нанесе подебел слој од неутрална крема, што ќе спречи следната столица да дојде во контакт со иритираната кожа. Или поради оштетување на кожата или поради пад на имунитетот предизвикан од стрес може да настане инфекција со габи и бактерии на нежната детска кожа. Во овој случај, треба да побарате медицинска помош. Во случај на дијареа не се препорачува употреба на влажни марамчиња, само по исклучок ако во тој момент не може да се мие со вода.
Пелени, за еднократна употреба или за повеќекратна употреба?
И двете имаат предности и недостатоци, како од аспект на здравјето на кожата, така и од економски и еколошки аспект. Факт е дека со оглед на тоа што најчесто се користат пелени за еднократна употреба, ретко има тешки форми на пеленски дерматитис кај кои целата област на пелената е болна и наликува на изгореница. Затоа, особено во случај на дијареа, се препорачува употреба на пелени за еднократна употреба. Нормално, треба добро да се мијат рацете пред и после нега!
Пелените не се користат во голем број културно и економски значително различни средини. Мајката е повеќе или помалку континуирано во близок контакт со детето и прилично лесно се препознаваат сигналите на детето за потребата од мокрење или дефекација. Родителот, одговарајќи на посочените сигнали, го става детето во соодветна положба за дефекација – најчесто држејќи го во седечка положба на подлактиците над површината каде што урината и столицата се соодветни за отстранување.За разлика од децата кои користат пелени, оние без пелени брзо воспоставуваат контрола над дефекацијата. Употребата на пелени се смета за главна причина за подоцнежното воспоставување на контрола, пелените често се користат три години.Со оглед на раниот емоционален развој, несомнена е придобивката од запознаеноста на родителите со препознавањето на сигналите на детето и покажувајќи подготвеност да му обезбеди на детето соодветен одговор. На тој начин детето сфаќа дека мајката го разбира и дека ќе му излезе во пресрет. Биолошки гледано, задржувањето на големи и мали производи од измет на кожата и гениталиите може да донесе само проблеми
Масажа на новороденче
Не е тајна – новородените бебиња го сакаат допирот на нивните родители. Масажата за доенчиња е прекрасен начин за поврзување со вашето бебе, истовремено поддржувајќи го неговиот развој.
Поврзување: Масажата за доенчиња се покажа дека помага да се зголеми приврзаноста помеѓу бебето и родителите, па дури и може да им користи на мајките кои доживуваат постпородилна депресија или анксиозност.
Релаксација: Масажата му помага на вашето бебе да се смири, и да се намали нивото на хормоните на стрес кај бебињата. Некои студии дури покажуваат дека 15 минути масажа на доенчиња пред спиење може да му помогне на вашето бебе да спие подлабоко и поздраво.
Стимулација: Масажата за доенчиња ги стимулира левата и десната хемисфера на мозокот и го поттикнува развојот и тонусот на мускулите.
Регулација: Масажата за доенчиња може да им помогне на бебињата да ја регулираат циркулацијата, варењето, дишењето и протокот на кислород.
Масажата допринесува и за здрава кожа на вашето бебе, затоа е важно да користите сретства кои содржат состојки кои ја негуваат и регенерираат осетливата бебешка кожа, а не содржат бои и парфеми, кои може да предизвикаат алергија, како што се препарати кои во себе содржат рибино масло, богат извор на витамин А и Д.