Опис
Витаминот Ц придонесува за одржување на нормалната функција на имуниот систем, за нормална функција на ‘рскавицата, придонесува за нормално формирање на колаген и нормална функција на кожата.Учествува во градба и одржување на сврзно ткиво, крвни садови, непца, коски. Витаминот Ц придонесува за заштитата на клетките од оксидативен стрес, ја зголемува апсорпцијата на железото, го намалува чувството на заморот.
Витаминот Д придонесува за нормална апсорпција/искористување на калциум и фосфор во организмот, за одржување на здрави коски и за нормална мускулна функција. Тој придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем, потребен е за нормален раст и развој на коски кај деца и oдржува нормална концентрација на калциум во крвта.