Во Јака Нова веруваме дека знаењето и инспирацијата започнуваат од најрана возраст. Имајќи го тоа предвид, со особено задоволство бевме домаќини на учениците од IV-2 одделение при Основното училиште „Ѓорѓија Пулевски” – Скопје, кои ја посетија нашата производствена локација.
Преку стручно водена прошетка низ нашите производствени погони, децата имаа можност да се запознаат со процесите на современо и безбедно производство на додатоци во исхраната, козметички и здравствени производи. Посетата беше збогатена со едукативна презентација, каде на интерактивен и достапен начин им беше објаснета важноста на квалитетот, контролата и одговорноста во секоја фаза од производствениот процес.
Искрена благодарност до нашата колешка Марија Трпезановска за нејзината професионална презентација и посветеност во пренесувањето на знаењето.
Посетите од ваков карактер претставуваат дел од нашата корпоративна одговорност и вложување во иднината – бидејќи токму овие млади и љубопитни умови можеби се идните научници, фармацевти или иноватори.