Опис
Декспантенолот, активната состојка на растворот на пантенол, се трансформира во телото во пантотенска киселина. Активната форма на пантотенска киселина во ткивата е коензим А кој пак е неопходен за метаболизмот на јаглени хидрати, масти и протеини, синтеза на стероидни хормони и детоксикација на некои метаболички производи. Кај здрава кожа и коса, овие процеси помагаат да се зачува правилната функција, а кај оштетената кожа и коса ја стимулираат нејзината обнова.
Антивоспалително Дејство: Пантенолот е исклучително навлажнувачки кога редовно се користи во период од четири недели или повеќе тој има антиинфламаторна улога, го ублажува системското чешање, а истовремено помага и за смирување на сувата кожа.
Дерматолошки тестирано во акредитирана лабораторија во земја членка на ЕУ